Дигитална (IT) едукација

Детски едукативен центар во Семос Едукација

Центар

Семос Едукација - детски едукативен центар нуди современи програми за деца и тинејџери од 7г до 18г., внимателно распределени по возрасни групи (7г-12г, 12г-14г, 14г-18г), со цел наставата да биде прилагодена на нивниот развој, интереси и ниво на знаење.
Она што нè издвојува е индивидуалниот пристап, односно секое дете добива своја патека на следење на курсеви, со континуирана евалуација од предавачите и насочување според неговите афинитети. Наставата се базира на практична работа, реални задачи и активности преку кои децата учат применливо знаење, а секој курс завршува со финален проект и диплома од Семос Едукација.
Курсевите се организирани еднаш неделно, секоја сабота. Достапни се и онлајн часови како и настава со физичко присуство во просториите на Семос Едукација.
Во рамки на кратките курсеви, програмите се поделени по области:
Codemonkay
Minecraft
Графички дизајн
Мултимедија
Програмирање во C++ или во Python
AI & Cibersecurity
Game Development
За средношколците нудиме и подолги обуки во форма на мини-академии:
Програмирање со Python + AI
Дигитален маркетинг + AI
Cybersecurity & AI 
Дата анализа + AI
За оние кои сакаат сеопфатна подготовка, достапна е и 10-месечна ИТ академија за средношколци, која ги опфаќа сите клучни области и нуди темелна подготовка за понатамошно образование и кариера во ИТ и дигиталниот сектор.
Разгледајте ги сите програми на официјалната веб-страница на Семос или пријавете се преку формата, нашиот тим ќе ве контактира и заедно ќе го одредиме најсоодветниот правец според возраста, интересите и потенцијалот на вашето дете.
[Информирај се за своето дете!](https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=p5Vnext2r0ahdypzIE-ANuPP94_ts5RNldzVEnGM4VdUMVpEVE1LSFhVMUtVRFExRlZINUlDU1dOSiQlQCN0PWcu)

Контакт и локација