Политика на приватност

Последно ажурирано: Септември 2025 година

1. Вовед

Друштвото Кидо Медо ДООЕЛ, со ЕДБ 4057025576655 (во понатамошниот текст: „Кидо Медо“ или „Друштвото“), е сопственик и администратор на веб-страницата kiddomedo.com, како и на профилите на социјалните мрежи Instagram, Facebook и LinkedIn  (во понатамошниот текст заедно: „Платформата“).

Со цел усогласување со важечките прописи за заштита на личните податоци, Друштвото на ден 01.09.2025 донесе Интерен акт за заштита на лични податоци (во понатамошниот текст: „Акт“)., со кој се уредува начинот на собирање, обработка, чување и заштита на личните податоци на корисниците, посетителите на веб-страницата, како и на соработниците на Платформата.

Оваа Политика за приватност претставува јавна изјава произлезена од наведениот Акт и објаснува како Кидо Медо ги собира и обработува личните податоци кои ги внесувате при правење резервација на Платформата, при контакт преку веб-страницата, како и податоците поврзани со фотографии објавени на Платформата.

2. Кои податоци ги обработуваме

2.1 При резервација преку системот за резервации

  • Име и презиме на дете и родител
  • Е-пошта
  • Телефонски број
  • Забелешка (опционално)
  • Информации за терминот (датум и време на резервација)

2.2 При контакт преку веб-страницата или користење на нејзините функции

  • Име и презиме
  • Е-пошта
  • Телефонски број

2.3 При претплата на веб-страницата

Е-пошта адресите кои се собираат преку системот за претплата на веб-страницата се доброволно и своеволно дадени од страна на посетителот, со негова изречна согласност при пополнување на формата за претплата.

3. За која цел ги обработуваме податоците

  • За да ја креираме и евидентираме вашата резервација
  • За да го известиме избраниот партнер (компанија) за резервацијата
  • За да може партнерот да ве контактира доколку е потребно
  • За да одговориме на вашите прашања и барања испратени преку контакт формата
  • За да ви испраќаме информации за работилници, настани и содржини, доколку сте се претплатиле за тоа
  • За да го подобриме корисничккото искуство на нашата веб-страница

Кидо Медо не собира и не објавува лични податоци и информации по своја волја, надвор од наведените цели, ниту врши обработка на податоци надвор од целите за кои се собрани.

4. Име, презиме и телефонски број

Личните податоци (име, презиме и телефонски број) кои се внесуваат преку системот за резервации се користат исклучиво за потребите на партнерите (компаниите) кај кои се врши резервацијата, односно единствено со цел реализација на конкретната резервација. Овие податоци не се користат за други цели и не се пренесуваат на трети лица надвор од избраниот партнер.

5. Споделување со партнери

Вашите лични податоци внесени при резервација се споделуваат исклучиво со партнерот (компанијата) кај кого ја правите конкретната резервација, и тоа единствено за целите на реализација на таа резервација. Кидо Медо никогаш не ги продава и не ги споделува вашите лични податоци со трети лица надвор од овој опфат.

6. Фотографии и согласност

Секоја фотографија објавена на веб-страницата kiddomedo.com и на профилите на Платформата на социјалните мрежи потекнува исклучиво од соработници кои ја прифатиле понудата за соработка со Кидо Медо, врз основа на потпишан договор или прифатена понуда доставена и потврдена по е-пошта.

Со прифаќање на соработката, се подразбира и потврдува дека соодветниот соработник самостојно има обезбедено претходна согласност од родителот, старателот или било кое друго лице прикажано на фотографијата, за нејзино снимање и објавување. Кидо Медо не собира фотографии директно од деца, родители или трети лица, ниту ги објавува по сопствена волја без претходно обезбедена согласност преку соработникот.

Фотографиите се сметаат за лични податоци и се обработуваат согласно оваа Политика и важечкиот Акт за заштита на лични податоци. Секое лице прикажано на фотографија, преку своето соработничко друштво или лично, има право во секое време да побара отстранување на фотографијата, со барање испратено до info@kiddomedo.com.

7. Заштита на податоци за деца

Свесни сме за важноста на заштитата на личните податоци на децата. Кидо Медо не собира свесно лични податоци директно од деца. Податоците поврзани со дете (име на дете) се внесуваат исклучиво од страна на родител или старател при правење резервација, а фотографиите на деца се објавуваат единствено врз основа на согласност обезбедена преку соработниците, согласно точка 6 од оваа Политика.

8. Колачиња (Cookies)

Веб-страницата kiddomedo.com може да користи колачиња (cookies) со цел подобрување на корисничкото искуство. Колачињата не содржат лични податоци и корисникот може да ги оневозможи преку поставките на својот прелистувач.

9. Безбедност на податоците

Кидо Медо презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, злоупотреба, губење или неовластено откривање, во согласност со важечкиот Акт за заштита на лични податоци и применливите законски прописи.

10. Колку долго ги чуваме податоците

Личните податоци се чуваат во рок од една (1) година од моментот на нивно собирање. По истекот на овој рок, Кидо Медо има обврска да ги избрише личните податоци од Платформата, освен доколку подолго чување не е задолжително согласно важечките законски прописи.

11. Ваши права

Секое лице чии лични податоци се обработуваат од страна на Кидо Медо има право да:

  • побара пристап до своите лични податоци
  • побара исправка или бришење на своите лични податоци
  • се откаже од примање на е-пошта содржини (одјава од претплата)
  • оствари други права предвидени со важечките прописи за заштита на лични податоци

Барањата од оваа точка можат да се достават на е-пошта адресата наведена во точка 12.

12. Контакт

За прашања, барања или грижи поврзани со приватноста и обработката на лични податоци, вклучително и барања за отстранување фотографии, ве молиме контактирајте нè на: info@kiddomedo.com.

13. Промени во политиката

Оваа Политика за приватност може периодично да биде изменета и дополнета, вклучително согласно измени на интерниот Акт за заштита на лични податоци на Друштвото. Сите измени ќе бидат објавени на оваа страница, со назначен ажуриран датум.