
Едукативен центар кој работи по методата практично учење (hands-on learning) нуди програми за ран детски развој од 3-5 години со фокус на сензорно учење, развој на моториката, фокус и концентрација, социјализација, емотивен и когнитивен развој.
Подготовка на првачиња, припрема за во училишните клупи, следење инструкции, графомоторика, основи на читање и математика, логика, меморија и англиски јазик.
Клубови по англиски јазик од 5-8 години, клуб за читање со разбирање и клуб за граматика низ игра по македонски и англиски јазик. Летна школа за деца од 5-7 со фокус на јазични вештини, читање, логика, тимски игри.
Организираме креативни работилници од областа на уметноста, музика и занаетчиство.