
Марија Пејоска е професорка по германски и англиски јазик со осумгодишно наставничко искуство во предавање германски и англиски јазик на деца и адолесценти. Марија е авторка на новосоздадено дело за деца, „Најмалечкиот сон што порасна голем“, замислено како илустрирана книга на македонски јазик, која има јасен педагошки аспект (литература која вредносно комуницира со младите читатели), но истовремено има и моќен естетски концепт кој поттикнува емпатија, вклучување и ненасилна комуникација.
Компетенциите на Пејоска опфаќаат педагошка експертиза во работа со деца, прецизно јазично изразување на македонски, интеркултурна и јазична чувствителност стекната преку германистиката, но и преку инклузивна и вклучувачка работна средина за учениците, како и силен организациски капацитет за промотивни читања и работилници.
Нарачај ја “Најмалечкиот сон што порасна голем”
Сања Арсова е основач и сопственик на English Language Academy (ELA), приватно училиште за изучување англиски и германски јазик во Скопје. Има повеќе од 15 години искуство во областа на јазичното образование, а повеќе од 7 години професионално работи на развој и продукција на дигитални книги за деца и возрасни, во соработка со компании од Северна Европа и Македонија.
Покрај својата работа во образованието и дигиталната индустрија, Сања е автор на две книги за деца, „Мали диви детективи“, објавени од Светулка. Светот на книгите ѝ е особено близок и претставува простор во кој искрено ужива без разлика дали станува збор за создавање, читање или споделување приказни со најмладите.