Инспирации
Запознајте ја Софија Ф. Јордановска, личноста која стои зад визијата наречена Максимилијан
Приказна за посветеноста, љубовта и образованието!

Зад секоја голема приказна стои јасна визија, но зад Меѓународното училиште и градинка Максимилијан стои пред сè љубов кон децата и образованието.
Запознајте ја Софија Ф. Јордановска која е основачка и директорка.
Како магистер по психологија, докторант по менаџмент во образованието и IB сертифициран координатор (PYP & DP), Софија верува дека образованието не е само предавање материјал, туку создавање средина во која секое дете се чувствува сакано, почитувано и инспирирано.
Покрај образованието, Софија е голем вљубеник во претприемништвото и развојот на успешни организации. За себе вели дека е работохолик, но пред сè човек што искрено верува дека образованието може да го промени светот.
Таа е мајка на едногодишно дете, улога што ѝ даде уште подлабоко разбирање за довербата што секој родител ја вложува кога го избира местото каде што ќе расте неговото дете.
Со многу посветеност, заедно со целиот тим, од една идеја успеа да изгради заедница која денес инспирира деца, родители и наставници.
Зад секој успех на Максимилијан стои една заедничка мисија:
Да им се обезбеди на децата образование какво што секој би посакал за сопственото дете.
„Ова е приказната за почетокот на Максимилијан. А најубавите поглавја допрва ги пишуваме сите заедно" вели Софија.
Меѓународно Училиште Максимилијан во Скопје е вистинско семејство посветено на секое дете. Основано во 2009 година, оваа институција нуди меѓународна IB и Oxford програма за деца од најрана возраст до 18 години, со мали паралелки и индивидуален пристап кон секој ученик.
Од програма збогатена со послешколски активности, до средина која се грижи за целокупната добросостојба на сите ученици, Меѓународно Училиште Максимилијан гордо негува средина во која секој ученик е поттикнат да ги оствари своите потенцијали



