Интервју
Maрија од Алфабет: Во светот на јазиците нема грешки, само нови чекори
Марија е професор по германски јазик и книжевност, чија љубов кон јазиците потекнува уште од најрана возраст.
Таа ја наследува страста кон јазиците и образованието од својата мајка, професорка по англиски јазик и судски преведувач, со која заедно успешно го водат училиштето за странски јазици „Алфабет“.
Со посветеност кон современото и квалитетно јазично образование, „Алфабет“ изгради успешна приказна во Скопје, а од оваа година својата мисија ја проширува и во Битола. Целта е да се создаде истата позитивна атмосфера, квалитет и успех и во новата средина, нудејќи им на децата и возрасните современ, интерактивен и ефикасен начин на изучување странски јазици.

Затоа уште од најраните часови ги охрабруваме децата да го употребуваат јазикот во реална комуникација. Нашата цел не е детето да знае зборови наизуст, туку да знае како да ги примени во реченица.
А најубавиот момент е кога родителот ќе ни каже: „Дома почна само од себе да зборува на англиски или на германски.“ Тогаш знаеме дека јазикот навистина станал дел од неговиот свет.
Многу деца чувствуваат страв од правење грешки кога треба да прозборуваат на нов јазик. Кои се вашите основни приоритети во работата за децата слободно и со насмевка да го прозборат англискиот јазик уште од првите часови?
Првата работа што сакаме детето да ја научи не е нов збор, туку: „Слободно зборувај. Тука е во ред да згрешиш.“
Затоа создаваме средина во која децата не се чувствуваат какo да се на испит. Не ги прекинуваме постојано за да ја поправиме секоја грешка, туку прво ја градиме храброста да зборуваат. Потоа, постепено, го усовршуваме јазикот.
Со текот на времето, „се плашам да кажам“ станува „ќе пробам“. И токму тој момент е една од најубавите работи во нашата професија.
Што е она што го прави вашиот тим на наставници посебен и каква атмосфера ги пречекува децата кога ќе влезат во вашите училници?
Нашиот тим на наставници, покрај знаењето на јазикот, знае како да комуницира со децата, да препознае кога некое дете има потреба од дополнително охрабрување и да ја претвори училницата во место каде што е убаво да се биде.
А атмосферата? Понекогаш сме гласни, многу се смееме, слушаме музика, има движење и детска енергија насекаде. Но зад таа разиграност има структура, методологија и јасна цел.

Покрај англискиот јазик, кои сè други странски јазици се изучуваат во вашето училиште, на кои локации се наоѓате и за кои возрасти се наменети вашите програмски групи?
Покрај англискиот, децата и возрасните можат да изучуваат и германски јазик, а програмите ги приспособуваме според возраста, нивото и потребите на учениците.
Нашите локации се во Скопје и Битола, а групите ги организираме во различни возрасни категории – од најмалите ученици, преку училишна возраст, па сè до групи за возрасни и индивидуални часови.
Што е она што најчесто го истакнуваат родителите кои со години ви ја доверуваат едукацијата на своите деца, и како заинтересираните родители можат да ве контактираат и да закажат бесплатен пробен час?
Најчестите коментари од родителите се: „Почна да зборува дома“, „Почна да разбира песни“, „Се осмели да зборува на англиски“. Најчесто кога одат некаде на патување го забележуваат напредокот кај детето и неговата зголемена самодоверба. За нас тоа се најголемите комплименти и знак дека навистина сме ја постигнале целта.
Ако сакате да видите дали нашиот начин на работа му одговара и на вашето дете, најдобро е да дојдете и да пробате.
Заинтересираните родители можат да нè контактираат преку нашите социјални мрежи, на телефонските броеви или директно во нашите училишта во Скопје и Битола и да закажат бесплатен пробен час.


