Магазин

Интервју

Интервју со Наташа Димитровска: Како со професионалност, топлина и современи стандарди градиме сигурна иднина за децата во WINGS

Сподели:

За развојот и среќата на едно дете од најрана возраст, покрај топлата семејна атмосфера, од клучно значење е средината во која ги прави своите први чекори надвор од домот.

Интернационалната градинка WINGS настанува токму од таа лична и искрена потреба на родителите – да се создаде сигурен, топол и поттикнувачки простор каде секое дете ќе се развива со сопствено темпо, опкружено со внимание, љубов и почит кон неговата индивидуалност.

На чело на овој современ и грижливо осмислен концепт стои Наташа Димитровска, дипломиран социјален работник со над 15 години богато професионално искуство во работа со деца, семејства и заедницата. По долгогодишна посветена работа како социјален работник и проектен менаџер во Здружението „СОЛЕМ“, Димитровска од 2023 година активно учествува во концептуалното основање на градинката WINGS, а од 2024 година ја извршува функцијата директор. Нејзиното длабоко познавање на детскиот развој, инклузијата и комуникацијата го прави раководењето со WINGS пример за професионален и емпатичен пристап во раното детско воспитание.

Во ова интервју со Наташа Димитровска разговараме за почетоците и визијата на WINGS, како се организирани развојните групи, на кој начин современата технологија и високите хигиенски стандарди со систем за рекуперација на воздухот придонесуваат за безбедноста на децата, но и за вредностите кои малите дипломци ги понесуваат со себе во училишните клупи. 

Кога започна приказната за WINGS, со каква визија ја основате градинката и кои се вашите основни приоритети во секојдневното работење со децата?

Приказната за WINGS приватната градинка започна многу лично , од нас како родители. Сакавме средина во која нашите сопствени деца, но и децата околу нас, нема само да го поминуваат денот, туку ќе растат со внимание, љубов и почит кон нивната индивидуалност. Нашата визија беше да создадеме безбеден втор дом каде секое дете се развива со свое темпо. Затоа, секојдневен фокус ни се емоционалната сигурност, самостојноста, љубопитноста и градењето позитивни животни навики низ игра.

Како се организирани возрасните групи во градинката и на кој начин програмата е прилагодена за развојните потреби на секоја возрасна категорија?


Во градинка WINGS работиме со три возрасни групи: од 6 до 24 месеци, од 2 до 4 години и од 4 до 6 години. Активностите се внимателно прилагодени на развојниот степен на секоја возраст, со акцент на работа во помали групи каде секое дете добива внимание. Кај најмалите фокусот е на топлата адаптација, моториката и основните навики, додека кај поголемите преку истражување, креативност и практични игри ги развиваме говорот, логиката и социјализацијата, подготвувајќи ги самоуверено за училишните клупи

Како обезбедувате чист воздух и заштита од вируси во вашите простории?

Свесни сме колку е ова чувствителна тема за секој родител. Во просториите на WINGS имаме инсталирано рекуператори за прочистување и континуирана размена на свеж воздух што работат 24/7, без губење на топлината. Подното греење создава пријатна средина каде децата можат слободно и безбедно да се движат по подот. Покрај строгата хигиена на сите површини и играчки, секој ден користиме соодветни временски услови за игра и активности на отворено во дворот.

Што сè им овозможува вашата мобилна апликација за следење на дневните активности и напредокот?


Мобилната апликација им овозможува на родителите полесно да бидат информирани за секојдневието на своето дете – за активностите, оброците, одморот и другите важни моменти од денот. За нас технологијата не е замена за личната комуникација со родителите, туку нејзино дополнување. Сакам родителите да имаат чувство дека и кога не се физички присутни, знаат како поминал денот на нивното дете и се дел од неговото растење и развој.

По престојот во WINGS, со какви вредности, стекнати навики и спомени децата продолжуваат понатаму во нивното образование?


Најголема желба ни е децата од градинка WINGS да заминат со чувство дека учењето е нешто убаво, дека се способни и самостојни и дека знаат да се грижат за себе и за другите. Покрај знаењата, особено внимание посветуваме на љубезноста, почитувањето, споделувањето, одговорноста и тимската работа. А кога ќе ги напуштат нашата градинка, се надеваме дека со себе ќе понесат и многу убави спомени од игрите, дружењето, првите успеси и сите мали моменти кои детството го прават посебно. 

Закажете средба:
071 241 578 
gradinka@wings.mk
Интервју со Наташа Димитровска: Како со професионалност, топлина и современи стандарди градиме сигурна иднина за децата во WINGS — фотографија 1Интервју со Наташа Димитровска: Како со професионалност, топлина и современи стандарди градиме сигурна иднина за децата во WINGS — фотографија 2Интервју со Наташа Димитровска: Како со професионалност, топлина и современи стандарди градиме сигурна иднина за децата во WINGS — фотографија 3