Совети
Спречување на чести инфекции на горниот респираторен тракт кај децата
Рекурентните инфекции на горниот респираторен тракт претставуваат една од најчестите причини за посета на педијатар и за пропишување антибиотска терапија во детската возраст.
Акутните инфекции на горниот респираторен тракт се најчестите заболувања во детската возраст и претставуваат значаен здравствен и социоекономски товар. . Тие се една од најчестите причини за отсуство од градинка, училиште за децата со што се успорува нивниот социјален развој. Но исто така се и една од најчестите причини за платено отсуство на родителите од работа. Најчест предизвгикувач на горнореспираторните инфекти се предизвикувачите од вирусна етиологија, но поради честите рецидиви се повеќе се намалува имунолошкиот одговор и се зголемува употребата на антибиотици. Освен честите инфекции како фарингитис, тонзилитис или комбинирано се појавуваат компликации како воспалени на средното уво и повтроно се зголемува употребата на антибиотици.

Покрај акутното лекување, современиот пристап сè повеќе се насочува кон превенција преку зачувување на физиолошкиот микробиом и поддршка на природните механизми на локалната имунолошка одбрана.
Во последната деценија, истражувањата за човечкиот микробиом покажаа дека здравјето на горниот респираторен тракт не зависи исклучиво од присуството или отсуството на патогени микроорганизми, туку и од стабилноста на нормалната микробиолошка флора. Оралниот микробиом претставува динамичен екосистем кој има важна улога во одржувањето на локалната хомеостаза, конкурентната инхибиција на патогените и регулацијата на мукозниот имунолошки одговор.
Нарушувањето на оваа рамнотежа, познато како дисбиоза, може да биде последица на вирусни инфекции, честа употреба на антибиотици, хронични воспалителни состојби или други фактори, создавајќи услови за полесна колонизација со патогени микроорганизми. Поради тоа, современите превентивни стратегии се насочени кон обновување и одржување на физиолошкиот микробиом, наместо исклучиво кон елиминација на патогените. Еден од најмногу истражуваните е Streptococcus salivarius K12 или како што се нарекува природен чувар на оралниот микробиом.
Streptococcus salivarius K12 е орален пробиотски сој кој природно ја населува усната празнина кај здравите индивидуи и е еден од најдобро проучените пробиотици за превенција на рекурентните инфекции на горниот респираторен тракт.
Streptococcus salivarius е една од првите бактерии кои природно ја колонизираат усната празнина веднаш по раѓањето. Кај здравите деца, овој микроорганизам претставува важен дел од нормалната микрофлора и придонесува за одржување на микробиолошката рамнотежа.
Пробиотскиот сој K12 за прв пат е изолиран од здраво дете кое природно било отпорно на стрептококни инфекции односно имало присутни бактерии во устата но тие не предизвикувале болест. Неговата специфичност произлегува од способноста да продуцира два бактериоцина – саливарицин А2 и саливарицин Б – кои селективно го инхибираат растот на Streptococcus pyogenes, како и на други потенцијално патогени бактерии инволвирани во инфекции на горниот респираторен тракт.
Покрај директната конкурентна инхибиција, S. salivarius K12 успешно ја колонизира оралната мукоза и назофаринксот, создавајќи биолошка бариера која ја намалува можноста за населување на патогените.

Растечките сознанија за улогата на оралниот микробиом ја менуваат парадигмата во превенцијата на рекурентните инфекции кај децата. Streptococcus salivarius K12 претставува еден од најдобро истражените орални пробиотски соеви со докажан потенцијал за намалување на зачестеноста на инфекции на горниот респираторен тракт и потребата од антибиотска терапија. Како дополнување на стандардните превентивни мерки, неговата примена може да има значајно место во современата педијатриска практика, особено кај деца со рекурентни инфекции.
Бактоблис® пастилите на Реплек претставуваат додаток на исхраната кој содржи Streptococcus salivarius K12, клинички тестирана млечнокиселинска бактерија која го колонизира грлото, во комбинација со витамин D3 кој придонесува за нормална функција на имуниот систем кај деца.
