Би-МЕК ДОО Скопје е компанија специјализирана за продажба и дистрибуција на медицинска опрема и производи, со долгогодишно искуство во здравствениот сектор.
Како официјален дистрибутер на Medela за Северна Македонија и Косово, нудиме производи и решенија за доење и поддршка на мајките и бебињата, како за домашна употреба, така и за болнички и професионални услови. Нашата понуда вклучува пумпи за измолзување, производи за собирање и чување мајчино млеко, додатоци за доење и професионални Medela решенија за породилишта и неонатолошки оддели.
Покрај продажбата, обезбедуваме стручна поддршка, едукација и советување за правилна употреба на производите.