Играме, се поврзуваме!

Прв настан на една нова иницијатива @se.mejstvo под слоганот ИГРАМЕ, СЕ ПОВРЗУВАМЕ 🧩
Локација: @clubbloomroom
На нивното прво дружење, заедно со психолог и советник по системска и семејна терапија @utopija_____ (Клаудија Таневска) ќе разговараат и практично ќе покажат како преку едноставни игри и секојдневни моменти може да се создаде посилна врска со нашите деца.
👶 Дојдете заедно со вашите бебиња — токму преку заедничката игра и интеракција ќе учиме како да се поврзуваме со нив.
Но... тоа не е сè. 👀
🎁 За најмалите очекувајте и едно мало природно изненадување, подготвено со многу внимание од @moesapunce .
🎟️ Додека пак, мама/тато, ќе добие ваучер за прва сесија со психологот кој ќе ја одржи работилницата.
🔎 За останатото... ќе ве оставиме нешто да откриете сами. Некои убави работи едноставно се доживуваат.
🧸 Понесете подлога или ќебенце на кое вашето бебе ќе може удобно да си игра.
🎟️ Влезница: Насмевка 😊
Бројот на места е ограничен.
За пријавување → пишете им во порака @se.mejstvo
🏓 И едно мало „пинг-понг“ кое гради голема врска.
