Предновогодишна работилница

21 ноември 2026 во 11:00INAMI Photography Bloomroom
Предновогодишна работилница
Започнуваме со предновогодишното расположение! Со задоволство ви ја најавуваме нашата предновогодишна работилница создадена за деца 4+ години, во организација на Инами Студио и IR Creations.

Што сè ве очекува:

🎄 Креативно катче: @ir.creations.mk подготвува празнична маса каде што малите креативци ќе изработуваат свои новогодишни украси.

📸 Снежна фото-приказна: Во исто време, во објективот на Инами Студио ќе оживее посебна снежна позадина, а секој детски портрет ќе биде претворен во ретро новогодишна честитка 💌, совршен спомен за цел живот.

Детали за настанот:

Датум: 21.11.2026 (Сабота)
Време: 11:00 – 13:00 часот
Локација: Bloom Room
Бул. Партизански Одреди 64б, Skopje 1000

Пратете порака на некој од овие профили за да си обезбедите место!