Предавање: Maло дете, големи очекувања

Мало дете, големи очекувања. Помеѓу родителските дилеми, очекувањата и природниот развој на детето.
Дали очекуваме од децата повеќе отколку што можат во одредени фази од развојот? Кога треба да поставиме граници, кога да интервенираме, а кога едноставно да им дадеме време да научат сами? 💭
На ова предавање Драган Даскаловски, кој е експерт од областа на детскиот развој, ќе зборува за секојдневните родителски дилеми при воспитувањето на деца до 5 години. Преку конкретни примери, ќе ги разгледаме родителските очекувања, улогата на играта и важноста на поставувањето граници, со цел подобро да ги разбереме потребите на децата и нивното природно темпо на развој.
Средба за сите родители кои сакаат да разговараат за сопствените очекувања, да добијат нова перспектива и да најдат рамнотежа помеѓу поддршката, доследноста и слободата за самостојно растење. 🌱
Ова предавање е дел од програмата на „Платформа за нови сознанија - Заедно знаеме повеќе“ на Skopje City Mall & Cineplexx Skopje.
📅 сабота, 21 ноември
🕛 12:00 часот
📍 Cineplexx сала 3, Skopje City Mall
🎟️ Предавањето е бесплатно и отворено за јавност.
Резервирајте си место преку овој линк.
