Едукативно-книжевен базар

September 13, 2026 at 10:00 AMWissen Schule Среќа бар
Едукативно-книжевен базар
Почитувани,

Со особено задоволство Ве известуваме дека ќе се одржи ЕДУКАТИВНО-КНИЖЕВЕН БАЗАР, настан посветен на образованието, книгата, знаењето и размената на идеи.

Доколку сте центар за странски јазици, едукативен центар, читачки клуб, организатор на креативни работилници или нудите интерактивни и друштвени игри со едукативен карактер, ве покануваме да бидете дел од нашиот Едукативно-книжевен базар!

Претставете ги своите програми, услуги и производи пред заинтересирани посетители, воспоставете нови контакти и промовирајте ја вашата работа во инспиративна средина посветена на образованието, читањето и учењето.

Изложувачите ќе имаат можност да понудат и добро зачувани половни книги, едукативни материјали и други производи поврзани со нивната дејност.

📍 Локација: Среќа Бар
📅 13 септември 2026 година (недела)
⏰ Од 12:00 до 16:00 часот

Пријавување и информации:         

https://forms.gle/xruFZpmrLUnrduvj8    

    edukativnoknizevenbazar@gmail.com
📞 Телефон за информации: 076 569 169

Пријавете се и станете дел од заедницата што ги обединува знаењето, креативноста и љубовта кон учењето!

⚠️ Бројот на изложбени места е ограничен – обезбедете го вашето место навреме!

Ќе ни биде особено драго доколку Вашиот едукативен центар биде дел од оваа иницијатива и заедно придонесеме кон промоција на знаењето, книгата и образованието.

Со почит,

Организациски тим
Едукативно-книжевен базар