
Working Mom е платформа кадешто храбри мајки и татковци ги споделуваат своите искуства како родители и ни покажуваат дека сите минуваме низ истите подеми и падови што ги носи родителувањето, но никој досега не се осмелил да зборува за нив, или пак немало каде да се споделат.
Целта на платформата е да се зборува за теми што се уште важат за табу во земјава. На многу од нас ни е преку глава од монотони, неприменливи совети за мајчинството. Бараме нешто што вистински ќе допре до нас, што ќе може да го примениме, што ќе направи да се поврземе со личноста што го напишала текстот и ќе сфатиме дека родителувањето не мора да биде еден осамен процес. Токму во тоа и се состои суштината на платформата.