
Најстариот карате клуб во Македонија.
Специјализиран шотокан карате-до клуб кој работи од 1967 година и создава квалитетни натпреварувачи, кои низ годините се дел од карате репрезентацијата и ја представуваат државата на натпревари од највисок ранк.
Нашиот тренерски тим е целосно посветен на тренажниот процес. Врз основа на однапред испланирана програма, и со индивидуален пристап, тренерскиот тим наоѓа начин како да дојде до најдобри резултати кај сите. Програмата опфаќа подготовки за полагање за појаси, како и подготовки за посета на натпревари, со цел градење самодоверба и натпреварувачки карактер.
Преку програмата се работи на градење на карактерот на децата, подобрување на концентрацијата, дисциплината и севкупната физичка подготвеност, самоодбрана и самоконтрола. Основните принципи на кои се заснова работата во клубот се почитувањето, лојалноста, стремежот кон станување подобри луѓе и воздржувањето од насилно однесување.