Mентално здравје

НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација

Аеродром
Неокортекс е центар за ментално здравје кој нуди стручна психолошка поддршка за деца, адолесценти и возрасни. Работиме со индивидуи, партнери, семејства и компании, со фокус на здрав психо-емоционален развој, стабилност, подобар квалитет на живот, како и развој на личните и професионалните потенцијали. 

Нашиот тим е составен од обучени психолози и психотерапевти со искуство во работа со различни возрасни категории и предизвици, обезбедувајќи индивидуализиран пристап прилагоден на потребите на секој клиент. 

Нашите услуги вклучуваат: 
  • Психолошко советување и психотерапија (индивидуални, партнерски и семејни сесии)
  • Психолошка поддршка на деца, адолесценти и возрасни -Поддршка при стрес, анксиозност, траума и животни промени и предизвици -Стручна работа базирана на повеќе психотераписки пристапи: семејна-системска терапија, гешталт, психодрама, трансакциона анализа и ЕМДР
  • Психоедукативни програми, обуки и работилници за личен и професионален развој

Нашата работа се темели на научно засновани пристапи, етички стандарди и континуирана професионална надградба, со цел да обезбедиме сигурна, доверлива и квалитетна поддршка за секој клиент и семејство.